Најавување

English French German Macedonian

Меѓународен конкурс за поезија „Антево слово“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Меѓународната поетска манифестација  „Анџело Ла Векија“ (Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia) од оваа година распишува конкурс за наградата „Антево слово“ за најдобра поетска творба во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.

Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од меѓународна манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од Македонија.

На конкурсот може да учествуваат поети од Македонија кои ќе пратат една своја необјавена песна на електронската адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите на македонски и на италијански или англиски јазик.

Со учеството на овој конкурс тие ќе можат да бидат дел од авторите кои конкурираат за носечката награда на манифестацијата  „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 15 декември 2017 година.

Повеќе информации на следниот линк: http://sitel.com.mk/antevo-slovo-megjunaroden-konkurs-za-poezija-vo-sicilija

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер