English French German Macedonian

„Те нема никаде“ - Јелена Бачиќ Алимпиќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Љубовта не се избира, исто како и смртта. Сè е веќе запишано некаде одамна во небесата. Не можеш да и се спротиставиш на судбината, ниту да ги прескокнеш денот или ноќта. Би сакала да не го љубев толку многу. Тогаш можеби немаше да бидам решена  да направам злостроство, ако се вика злосторство тоа што го направив.
Смееме ли да му судиме некому кој жртвувал сè за љубовта? Како една млада жена со својата храброст, со моќта на својата посветеност и љубов ги разбранува италијанската и светската јавност непосредно по Првата светска војна?

Изабела Месини, паметна и сочувствителна девојка од едно мало сицилијанско село, се пријавува за болничарка на Црвениот крст за да побегне од куќата на мајка си. Во виорот на воените страдања, мнозина ранети ќе поминат низ вештите раце ма Изабела во малата полска болница на Доломитите. Еден ден тука го довезуваат Марко, воен известувач од Србија кој тешко е ранет, и Изабела добива задача по операцијата за да грижи за него. Во текот на долгите, тешки денови на Марковото закрепнување, Изабела развива со него необичен однос: иако странци, тие ќе се разбираат без многу зборови. Иако знаат дека нивната љубов е осудена на пропаст, таа ќе биде посилна од сите правила и ограничувања. Меѓутоа, кога по завршувањето на војната, минатото на Изабела ќе и тропне на врата, ќе почне драмата на нејзиниот живот за која ќе зборува цела Италија.

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер