Најавување

English French German Macedonian

“Бојата на времето“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

„Бојата на времето“ жанровски ѝ припаѓа на научната фантастика. Симјаноски е еден од ретките македонски писатели кој објавува дела од областа на научната фантастика, а романот „Бојата на времето“ може да се смета за неговото најквалитетно и најкомплексно структурно и тематски оформено дело од областа на овој жанр.

За појдовна основа во романот Симјаноски зел една од многуте легенди за еден од најгенијалните и неповторливи историски личности Александар Македонски, а тоа е легендата за потрагата на Александар Македонски по бесмртната или живата вода, додека за појдовен постулат е земено вечно присутното прашање во научната фантастика: дали човекот е сам во Вселената и на Земјата? Но дејството не го лоцира во локални или во национални рамки, ниту во одредено историско време, иако во најголем дел приказната е современа или пак футуристичка.
Во поговорната белешка проф. д-р Мито Спасевски, за романот пишува:
„Поставувајќи ја научната фантастика во една заемна вертикала со одделни, а напати и бројни артефакти и атрибути на една автентична и егзактна материја со историски параметри во кои во ваков книжевен жанр се проектира и активира дури и исклучително грандиозниот лик на еден од великаните на епохата на ова творечко поднебје – Александар Македонски, авторот Стојмир Симјаноски неспорно е исправен пред обидот за осведочување на возможната творечка флексибила, сё да се устрои во едно вакво авторско искушение. Оттука е и откривањето на здравата и издржана 'фреквенција и симетрија' на научната фантастика во корелација со автентичниот, изворен и досега низ бројни книжевни и историски текстови, детално фокусираниот лик на Александар Македонски.“

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер