English French German Macedonian

„Ќерките на Рим“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Бурната 69-та година, во историјата позната како „година на четирите цареви“, ќе промени многу нешта во Римското царство, а особено ќе влијае врз животите на четири жени, лично поврзани со судбината на Рим. Едната од нив, Корнелија, отмена и амбициозна жена, претставува олицетворение на совршена римска сопруга која живее за денот кога нејзиниот верен сопруг ќе стане цар. Нејзината сестра Мерсела ја одбрала улогата на непристрасен набљудувач на случувањата кои ќе доведат до крвавиот пресврт што ќе им го смени животот. Додека Корнелија се обидува да  ги заборави своите уништени соништа и ја согледува реалноста, Марсела ја открива својата дарба која секојдневно ја користи да влијае врз најмоќните луѓе во Рим. Опиена од возбудливите пресврти што ги предизвикува со своите сплеткарања, таа не успева да ја согледа неминовноста: на крајот , само еден од нив може да биде Римски цар, а тоа е токму оној кој брутално ќе и покаже дека медалот секогаш има две лица.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер