Најавување

English French German Macedonian

„Мојот професор, пророк“ - Вера Стојчевска Антиќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Почитувани,

чест ние е да Ве поканиме на  промоцијата на книгата „Мојот професор, пророк“ од македонската книжевна историчарка и теоретичарка Вера Стојчевска-Антиќ. 
Книгата му е посветена на Блаже Конески, каде што авторката го опишува својот однос со него, како и нејзин коментар за некои од песните на Блаже Конески.
Промоцијата ќе се одржи на ден 09.06.2017 (петок) со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката.
На настанот поздравно обраќање ќе има д-р Лили Бошевска - директорка на НУУБ„Св.Климент Охридски“ - Битола, ќе следува изведба на песи од Блаже Конески од ученикот Божидар Николовски.
Промотор на книгата „Мојот професор пророк“ е проф.д-р Александар Стерјовски.
- Конески беше мој професор, а потоа станавме колеги. Во книгата има и наши разговори, како и мое видување на некои од неговите дела. Тој е од преголема важност, но неговото дело не е доволно признаено. Затоа и книгата ја завршувам нарекувајќи го Џинот од Небрегово - вели професорката Стојчевска-Антиќ.
Вера Стојчевска-Антиќ научниот век го помина на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од местото асистентка сè до пензионирањето. Таа беше првата директорка на Институтот за македонска литература во основање. Избрана е за почесна членка на Друштвото на писателите на Македонија и е прва членка од Македонија во Американската славистичка асоцијација.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер