Најавување

English French German Macedonian

„Млади поетски перформанси“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за  ученици од 5-9 одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години.
„Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво за прв пат да се објави, со што ќе  им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност“, велат од библиотеката. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја. Проектот опфаќа конкурс за доставување  на поетски творби, кој ќе биде распишан од  13.05. – 15.09.2017 година. Литературните творби треба да се достават, на адреса: Национална установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, 7000 Битола,   со назнака – За награден конкурс или на mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Резултатите ќе бидат објавени на веб страната и фејсбук профилот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Најдобрите, најквалитетните творби   ќе бидат објавени во заедничката збирка на поезија и ќе бидат промовирани во  просторите на Библиотеката на датум кој  дополнително ќе се определи.Во рамки на проектот предвидени се  работилници со следниве теми „ Модерни текови и трендови во современата поезија“, „Предавање од областа на поезијата, посочување теми, „Пишување на песна и интерпретација на напишаната песна“,„Електронските алатки и можноста за промоција на поетското творештво на младите поети“, „Од развивање на идеја – дело до промоција на дело“.
Првата работилница  се одржа на ден 13.05.2017 година, во просториите на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, на која предавач беше младиот поет Филип Димкоски. Димкоски е автор на две збирки поезија „Најхранливи зборови од детска душа дарови“ (2010) и „Божилак на исконот“ (2014) која во 2016 година доби свое српско и свое бугарско издание. Димкоски исто така  е добитник и на  повеќе домашни и меѓународни награди. Соработувал со повеќе електронски и пишани медиуми во Македонија и Србија. Соработник е во додатокот за деца „Колибри“ во Нова Македонија, уредник-соработник е во издавачката куќа Едука МАК во Скопје, редовен водител е и член на Фестивалскиот одбор на Детскиот литературен фестивал „Ракатки“. Проектот е финансиран од министерството за култура на Република Македонија.

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер