English French German Macedonian

„Превенција, рана дијагностика и третман на рак на дебелото црево„ – предавач асистент д-р Огнен Кос

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во организација на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, „Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница и Ротари клубот „Широк Сокак“ Битола , се одржа работилница на тема „Превенција, рана дијагностика и третман на рак на дебелото црево„ – предавач асистент д-р Огнен Костовски – шеф на отсек за колоректална хирургија при клиниката „Мајка Тереза“ – Скопје. Предавањето се одржа на 20  мај 2017 година,  во просториите на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола. На предавањето присутните имаа можност да слушаат како се проширува ракот на цревата, какви се најновите пристапи во лекувањето, што е најдобра превенција итн.
На крајот на предавањето организациите организатори му доделија благодарници за успешната соработка.
Ракот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет. Високиот социо-економски стандард, како и типичниот западен стил на живеење, исхрана, животни навики и активности, се причините за се поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери. Како се проширува ракот на цревата?
Основата за развој на карцином на дебелото црево се полипите на дебелото црево. За да се создаде од нормална лигавица полип на дебелото црево, потребни се околу десет години. Секој може да развие полип или карцином на дебелото црево, но некои имаат повисок степен на ризик од другите. Тоа зависи од наследните и од индивидуалните фактори. Во почетокот полипите се бенигни, но со тек на време добиваат потенцијал да се претворат во малигни. Само 10% од полипите на дебелото црево имаат наследен фактор на раст, додека 90% настануваат со стимулација на локални фактори од цревната содржина, и се јавуваат по педесетта година на животот. Полипите кои имаат наследен фактор се јавуваат до 50-тата година од животот и се развиваат во рак кај 100% од случаите, доколку не се отстранат ендскопски или хируршки. Во почетокот полипите се бенигни, но со тек на време добиваат потенцијал да се претворат во малигни. Само 10% од полипите на дебелото црево имаат наследен фактор на раст, додека 90% настануваат со стимулација на локални фактори од цревната содржина, и се јавуваат по педесетта година на животот. Полипите кои имаат наследен фактор се јавуваат до 50-тата година од животот и се развиваат во рак кај 100% од случаите, доколку не се отстранат ендскопски или хируршки.

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер