English French German Macedonian

„Ние сме Љубов“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани, бидете дел од настанот што ќе се одржи на ден 25.05.2017 (четврток) во 11 часот, во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ Битола. „Ние сме Љубов“ е литературен, музички и танцов перформанс во организација на Националната установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола за деца и млади со посебни потреби, деца од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин" Битола, лица со даунов синдром и пречки во развојот кои се дел од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – „Порака“, во соработка со деца, членови на модерниот балет во „Анастасија Центар“. Овој перформанс има за цел да ги обедини сите деца и млади преку уметничките изразни средства. Одбрана е темата „Љубов“ како основна нишка на постоењето која ги поврзува и испреплетува сите човечки битија. Кореографија и музички педагог во проектот е Стефанија Милевска. Раководител на проектот е Анастасија Милевска (виш библиотекар во Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола)

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер