English French German Macedonian

Нови наслови

„Островот Камино“ - Џон Гришам

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Банда крадци дрско го ограбуваат трезорот на Библиотеката Фаерстон на Принстонскиот универзитет. Нивниот плен е бесценет, но Принстон го има осигурено на дваесет и пет милиони долари. Дел од него по тајни канали ќе стигне до Брус Кејбл, сопственик на популарна книжарница во заспаното туристичко гратче Санта Роса на Островот Камино, во Флорида. Но некој полека се инфилтрира во писателскиот круг пријатели на Брус Кејбл за да му ги дознае тајните...

 

„Живот без крај“ - Фредерик Бегбеде

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Новото дело на славниот Фредерик Бегбеде, романот „Живот без крај“ е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта, сексот, бракот, експериментирањето со дрогите итн., во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството, на смртта и вечниот живот.

Читај повеќе: „Живот без крај“ - Фредерик Бегбеде

 

„Воздух“ - Миријам Дубини

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Времето престанува да тече кога Грета и Анселмо случајно ќе се сретнат на римските улици и ќе си погледнат во очи – нејзините пркосно лути, неговите благо насмеани. Но Анселмо не е обично момче. Тој умее да ги чита пораките од небото. Има дарба да го слуша шепотот на ветрот, да разговара со воздухот...

Читај повеќе: „Воздух“ - Миријам Дубини

   

„Годините кога научив да летам“ - Евгениј Хоуп

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Младиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето, економијата, политиката, безидејноста. На дваесет и пет години, преиспитувајќи се себеси и своите корени, решава да си го бара домот под отворени неба. Напушта сè и тргнува на автостоперска авантура што неповратно му го менува животот.

Читај повеќе: „Годините кога научив да летам“ - Евгениј Хоуп

 

„книга за гробиштата“ - Нил Гејман

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Малиот Ник Овенс одеднаш ќе остане сам на светот по бруталното убиство на неговите родители. Напуштен од сите, ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта, каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука. Стоејќи на границата меѓу животот и смртта, Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.

Читај повеќе: „книга за гробиштата“ - Нил Гејман

   

Страница 1 од 37

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер