English French German Macedonian

Млади библиотекари

19. Републички натпревар „Млади библиотекари“, 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 16.11.2018 година се одржа 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Домот на културата „Илинден“ во градот-домаќин Демир Хисар. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 21 учесници од основните училишта на Република Македонија. Петчлената комисија во состав: Мариче Боздоганова, претседател, Соња Велјановска, член, Билјана Аџиовска-Пранџарова – член, Златко Бошевски, член и Драгана Коцева, член и претставник од присутните ментори на учесниците ги прегледаа тестовите и утврдија дека на прво место, од вкупно 120 поени е Борче Исакоси од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид со освоени 119 поени, на второ место е Трајче Манчевски од ООУ од „Никола Вапцаров“ – Струмица со освоени 117 поени, и третото место го освои Сања Георгиева Од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш со освоени 116 поени. Честитки за наградените и за сите учесници на овој натпревар. Голема благодарност до учениците, нивните ментори и колегите билбиотекари, а посебна благодарност му упатуваме на овогодинешниот домаќин за приемот и пригодниот ручек.

 

18. Општински натпевар „Млади библиотекари“, 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

На 2.11.2018 во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа 18. Општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој зедоа учество ученици од основните  училишта од Битола и по  еден ученик од училиштата во  с. Бистрица, с. Новаци, с. Могила, с.Добрушево и с.Долно Српци,  со вкупно петнаесет  претставници.

Тричлената комисија во состав: претседател Илче Стојановски, виш библиотекар, член Гордана Пешевска, библиотекар советник и член  Александар Крстев, библиотекар, по завршувањето на одговорите на прашањата од страна на учесниците, ги прегледа тестовите и ги соопшти резултатите:

Според утврдените правила за овој натпревар на 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Народната библиотека „Илинден“ – Демир Хисар на 16.11.2018 г., ќе учествува ученичката од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, која освои најмногу бодови, а тоа е:  Ана Долевска со освоени 105 бодови од вкупно 117.

 

Општински натпревар „Млади библиотекари“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола го организира Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овај натпревар имаат сите ученици од основните училишта до 14 годишна возраст кои се членови на училишните библиотеки или Детската библиотека која работи во состав на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. За подготовка на учесниците за овој натпревар Ви го предлагаме Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“ кој ќе ви го обезбеди Библиотеката.

Рокот за пријавување за учество на натпреварот е до 28 септември 2018 год., писмено по пошта на адреса Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39 со назнака за Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ или лично секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот. Општинскиот натпревар ќе се одржи на ден 02 ноември 2018 год. (петок) со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката. Се надеваме дека ќе соработувате со нас и што е можно побрзо ќе го одредите Вашиот претставник за да би можел благовремено да се подготви за натпреварот. Победникот од овој натпревар се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи на 16 ноември (петок) во 12 часот во Народната библиотека „Илинден“ – Демир Хисар. Учеството на овај натпревар го овозможува Библиотеката.

   

18. Општински натпревар „Млади библиотекари“, 2017

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 17.10.2017 во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа 18. Општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој зедоа учество ученици од основните  училишта од Битола и по еден ученик од училиштата во  Бистрица, Новаци и Добрушево, вкупно единаесет  претставници.

Тричлената комисија во состав: претседател Јоланда Бошевска, библиотекар советник, член Илче Стојановски, виш библиотекар и член  Гордана Пешевска, виш библиотекар, по завршувањето на одговорите на прашањата од страна на учесниците, ги прегледа тестовите и ги соопшти резултатите:

1. Благица Митровска, 9 одд.  ОУ  „Браќа Миладиновци“,  с.Добрушево, 91

2. Изабела Насковска, 9 одд. ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола, 90

3. Марија Михајловска, 9 одд. ОУ „Крсте Петков Мисирков“, с. Бистрица, 87

4. Ана Долевска, 7 одд. ОУ  „Трифун Пановски", Битола, 80

5. Христијан Јовановски, 9 одд. ОУ „Елпида Караманди“, Битола, 76

6. Евгенија Трајковска,  8 одд. ОУ „Славко Лумбарковски",  с. Новаци, 70

7. Јана Христовска, 9 одд. ОУ „Гоце Делчев“, Битола, 62

8. Ана Марија Домазетовска, 9 одд. ОУ „Тодор Ангелевски“, Битола, 59

9. Марија Цветановска, 9 одд. ОУ „Коле Канински“, Битола, 56

10. Теодора Јовчевска, 7 одд. ОУ „Св. Климент Охридски“, Битола, 44

11. Ева Диманоска, 9 одд. ОУ „Даме Груев“, Битола, 40

Според утврдените правила за овој натпревар на 18. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на 03.11.2017 г., ќе учествува ученичката од ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево, која освои најмногу бодови, а тоа е:  Благица Митровска со освоени 91 бодови од вкупно 100.

 

Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“

   

Страница 1 од 3

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер