English French German Macedonian

Австриска Библиотека

Австрија чита

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Австриската библиотека од Битола во месецот на книгата заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола се приклучува на најголемиот литературен фестивал „Австрија чита“ со две работилници со ученици основци и средношколци оддржани на 29.10. и 30.10.2019 година во просториите на Библиотеката. Идејата за вакви средби со ученици е да се запознаат со начинот како да пребаруваат во Австриската библиотека, да изнајмат книга и да читаат од богатиот фонд на германскојазичната литература. На 37 учениците од основните училишта „Тодор Ангелевски“ и „Гоце Делчев“ предводени од нивните наставнички по германски јазик Елена Поповска и м-р Симона Монавчева им беше претставена австриската писателка Мира Лобе, автор со книжевен опус на повеќе од 100 книги преведени на околу 10 јазици.

Читај повеќе: Австрија чита

 

Кристине Нестлингер

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Австриската писателка Кристине Нестлингер е тема на втората работилница организирана од страна на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и Австриски библиотеки во Битола која е една од 65 Австриски библиотеки во 28 држави во светот. Работилницата беше наменета за средношколци и спроведена во месецот на книгата и најголемиот австриски литературен фестивал во неговото 14. издание „Австрија чита. Место за средба - Библиотека“. Истиот се одржува од 14.10.-20.10.2019 во Австрија и е понуден и на Австриските библиотеки во странство. Учество зедоа учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ Битола предводени од нивниот професор по германски јазик д-р Николче Шулевски.

Читај повеќе: Кристине Нестлингер

 

Австрија чита - Österreich Liest

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Почитувани, во рамките на месецот на книгата, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со Австриската библиотека Ве покануваат на следните настани:

- вторник на 29.10.2019 во 16.30 часот се организира работилница за Австриската писателка Мира Лобе, со ученици од 6. - 9. одделение од ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Тодор Анѓелевски“ од Битола.

- среда на 30.10.2019 во 17.00 часот се организира работилница за Австриската писателка Кристине Нестлингер со ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола.

Работилниците се организираат заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во рамките на месецот на книгата и во рамките на најголемиот австриски литературен фестивал во неговото 14. издание „Австрија чита. Место за средба - Библиотека“. Истиот се одржува од 14.10.-20.10.2019 во Австрија и е понуден и на Австриските библиотеки во странство. Една од 65 Австриски библиотеки во 28 држави се наоѓа токму во Битола и Австриската библиотека во Битола се приклучува на овој литературен фестивал со две манифестации: две работилници една за ученици кои го изучуваат германскиот јазик во основно училиште и една за ученици кои го изучуваат германскиот јазик во средно училиште.

   

Во Битола семинар по германски јазик според високи европски стандарди со врвен предавач од Австрија

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

На 03.11.2018 во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски Битола со одржа семинар за професори по германски јазик на тема „Плурицентриката на германскиот јазик“. Семинарот се организира во рамките на традиционалните „Австриски денови во Македонија“ а е поддржан од Министерството за образование, наука и истражување на Р. Австрија, Австриската служба за академска размена, Амбасадата на Р. Австрија, Австриската библиотека во Битола и Почесниот конзулат на Р. Австрија во Битола. Предавач на семинарот,  кој се состоеше од три работилници на тема „Плурицентриката на германскиот јазик“, „Славење на празници“ и „Квиз за Австрија“, беше м-р Лукас Маерхофер од Виена.  Лукас Маерхофер, студирал германска филологија, театарски студии и романистика на Универзитетот во Виена и студирал гастрософиски науки на Универзитетот во Салцбург. Од 1999 година е обучувач и предавач за германски јазик како странски јазик, организатор на меѓународни семинари за наставници, предавач на Универзитетот за применети науки Виена (BFI) како и автор и уредник на наставни материјали за издавачката куќа Хуебер во Германија.

Учество на семинарот зедоа 25 професори по германски јазик од Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Пробиштип и Скопје.

„Дека разликата помеѓу Германија и Австрија треба да биде заеднички јазик е често цитирана реченица. Двете земји имаат повеќе да покажат во нивната разноликост отколку само Brötchen  наспроти Semmel, и Abitur наспроти Matura. Секој кој досега бил на посета во Германија и Австрија и во Швајцарија, а можеби, исто така и во Лихтенштајн, Јужен Тирол, или Источна Белгија,  знае точно што значи тоа. Бидејќи мноштво термини се различни во соодветните земји или региони. Но, овде не се работи за дијалект кога при шопинг во Берлин се добива торба Tüte,  во Виена Sackerl, а во Цирих се добива Säckli. Разновидноста- варијантите на германскиот јазик се слика на сопствената историја и општество и во исто време подлежат на постојани промени од различни влијанија. Меѓусебните односи и разликите ќе се истакнат во работилницата со помош на автентична реалност и ќе се испита подетално и на тој начин се создава сензибилност при третирање на  наставениот јазик, така што ќе може да се констатира на крај: Германски не е еднакво германски“ ќе рече м-р Маерхофер

Професорите по германски јазик по целодневниот семинар си заминаа задоволни со многу наставни материјали и побогати со едно прекрасно сознание за новите информации и методи применливи директно во наставата по германски јазик.

http://www.apla.mk/index.php/denes/item/1789-vo-bitola-seminar-po-germanski-jazik-spored-visoki-evropski-standardi-so-vrven-predavach-od-avstrija?fbclid=IwAR1gWBMP4KtAvYtq4x3LK3V5aABZuGVo1-LH3BjBv-XRadDtF5C4OsaMygU

 

Амбасадорката Рената Коблер ја предаде овогодишната донација на книги

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Н.Е. м-р Ренате Коблер-Амбасадор на Република Австрија во Република Македонија на ден 13.12.2017 ( среда)  ја посети Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола и на директорот на НУУБ м-р Јелена Петровска и ја предаде овогодишната донација на книги за Австриската библиотека во Битола.
Донацијата со која  ќе се збогати библиотечниот фонд на Австриската библиотека во Битола се состои од:
•    литература од австриски писатели,
•    литература од германски писатели,
•    методски прирачници за наставници по германски јазик,
•    учебници и работни тетратки во издание на Австрискиот фонд за интеграција (Österreichischer Intergrationsfonds),
•    лексикони за австриската книжевност и стручна литература од областа на информатиката по барање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола (ФИКТ).

Читај повеќе: Амбасадорката Рената Коблер ја предаде овогодишната донација на книги

   

Страница 1 од 8

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер