English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоција на збирката песни ,, Трето В"

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 22 мај 2019 година, пред Саат кулата се одржа отворен час по повод чествувањето на Денот на просветителите, браќата Кирил и Методиј.  Учениците од трето в одделение од ОУ ,,Елпида Караманди" - Битола реализираа содржини посветени на Словенските просветители спроведувајќи го дијалогот како стратегија за градење на заедничка мисла. 
Во продолжение на овој настан се промовира збирката песни ,, Трето В", на која како автори се јавија сите ученици од ова одделение под менторство на нивниот одделенски наставник д-р Фанче Јошевска. Издавач на збирката е НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.

Читај повеќе: Промоција на збирката песни ,, Трето В"

 

Како до позитивна промена

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Почитувани пријатели,
На повидок е интересно и инспиративно предавање на тема „Како до позитивна промена”. Настанот е во организација на НУ Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со Универзитетското радио УКЛО ФМ и емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“.
Настанот ќе се одржи на 29 мај (среда) со почеток од 17:00 до 18:30 часот во просториите на НУ Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски‟ – Битола.

Читај повеќе: Како до позитивна промена

 

„Тематска изложба за библиотекарство – Презентација и популаризација на културното наследство“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Нашата држава располага со исклучително богат споменичен фонд од различен вид и период на настанување, со различни културни влијанија и стилови, со врвни културни, историски и уметнички вредности. Со тоа се потврдува дека овде со векови се создавале културните вредности, односно се зачувала традицијата за љубов кон книгата, нејзиното користење и дисеминација на знаењата. Библиотеките во таа смисла ја одиграле улогата на центри од каде што се црпеле творечките достигнувања кај нас, околу нас и во светот со што многу се придонесе во развојот на библиотекарството.

Читај повеќе: „Тематска изложба за библиотекарство – Презентација и популаризација на културното наследство“

   

Промовиран зборникот “Битола во стиховите на младите автори“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола и Здружението за наука и култура НОВА по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ го промовираа зборникот песни „БИТОЛА ВО СТИХОВИТЕ НА МЛАДИТЕ АВТОРИ“ во која се објавени педесетина песни на ученици од основните и средните училишта во Битола. Настанот се одржа на ден 21.05.2019 во просториите на Библиотеката. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157434083188679

 

 

Меѓународна конференција на библиотекари, архивисти и музеолози во Црна Гора

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната библиотека на Црна Гора „Гјургје Црнојевикј“(Đurđe Crnojević“) од Цетиње во соработка со Министерство за култура на Црна Гора,  по втор пат организира Меѓународна конференција на библиотекарите, архивистите и музеолозите („MONTENEGRO – Libraries, Archives and Museums LAM 2019“). Оваа година за конференцијата е одбрана многу актуелна тема  поврзана со улогата на УН 2030 Стратегија за одржлив развој во областа на библиотечното работење, „ Европските насоки за соработка на библиотеките, архивите и музеите“. Конференцијата ја отвори Александар Кашќелан, градоначалник на Престолнина Цетиње, Александар Дајковиќ, генерален директор на Директорат за културно наследство и Богиќ Ракочевиќ, директор на Националната библиотека на Црна Гора.

Читај повеќе: Меѓународна конференција на библиотекари, архивисти и музеолози во Црна Гора

   

Страница 1 од 134

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер