English French German Macedonian

Порака на г-ѓа Одре Азуле (Audrey Azoulay) Генерален директор на УНЕСКО

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книгите, прозорци кон нашата душа, се воедно и пат кон заемното почитување и соработка меѓу луѓето, независно од границите и различностите.
Во овие турбулентни времиња книгите ја одразуваат различноста на човечкиот гениј, давајќи сила на богатството на човечкото искуство, искажувајќи ја потрагата по значењето кое ни е блиско и кое ги движи напред сите општества.
Книгите овозможуваат да се соедини човештвото во една фамилија, споделувајќи го минатото, историјата и културното наследство, со цел да се изгради една заедничка иднина каде што сите гласови се слушаат во еден хор со човечки здив. Книгите се наши сојузници во ширење на образованието, науката, културата и информацијата насекаде во светот.
Книгите се исто така форма на културно изразување кое им дава живот на јазиците и се изразува преку нив. Секоја книга е создадена на посебен јазик, наменета за своите читатели.

Така секоја книга е напишана, произведена, разменета, искористена во дадена лингвистичка и културна рамка. Оваа година акцентот е ставен токму врз овој важен аспект, бидејќи 2019 година е прогласена за Интернационална година на автохтоните јазици, поддржана од УНЕСКО, за реафирмирање и поттикнување на меѓународната заедница да им помогне на автохтоните народи да ги сочуваат својата култура, своите знаења и своите права.
Овој ден е добра можност заедно да размислиме како подобро да ја шириме писмената култура и да му овозможиме на секое живо суштество, мажи, жени и деца, пристап до неа.
Со ваков дух на инклузија и дијалог е анимиран градот Шарјах во Обединетите Арапски Емирати, престолнина на книгата во 2019 година. Неговото назначување се активира на денешниот Светски ден на книгата и на авторското право за 2019 година. Шарјах го привлече вниманието со својата програма „Читајте, вие сте во Шарјах“, којашто е наменета за маргинализираните групи за кои е подготвена креативна програма, со цел да се поттикнува  популацијата со емигранти за да се вклучи во општеството во креативноста и во почитувањето.
Со Шарјах, со нашите партнери, Меѓународната унија на издавачи, Интернационалната федерација на книжари и Меѓународното здружение на библиотекарски асоцијации и библиотеки ИФЛА  и со целата меѓународна заедница, треба да се соединиме, да ги славиме книгите во кои е изразена креативноста, желбата за размена на идеи и сознанија со цел шириње на разбирањето, дијалогот и толеранцијата. Ете тоа е пораката од УНЕСКО на овој Светски ден на книгата и на авторското право.

Превод од француски јазик Елена Никодиновска

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер