English French German Macedonian

Неверојатно интересни 20 наслови на книги наменети за децата

PDFПечатиЕ-пошта

Почитувани читатели, Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“– Битола за вас денес издвои дел од големиот избор на наслови наменети за читателите од детскиот оддел. Овој оддел располага со голем број на наслови покрај лектирните изданија. Затоа за сите љубители на добрата книга ние ги издвоивме следниве наслови:

1. Еднаш и тогаш- Морис Грицман- Сите заслужуваат да имаат нешто добро во животот барем еднаш и тогаш... со малку надеж може да се стигне многу далеку....

2. Капетанот Торнадо- Миливај Матошец- Морето е сино, како и небото....Стариот морски волк не им верува многу на луѓето од копното. Ниту на возрасните, ниту на децата....

3. Магично дрво- Анджеј Малешка- Неверојатни авантури, опасности и магии...мост на светлина и големо цунами...

4. Кралот на Каторен- Јан Терлоу-Шесмина алчни министри ја презедоа власта со изговор дека го бараат новиот крал, но ништо од тоа- цели седумдесет години. Тогаш однедадеж, пред портите на кралската палата се појави едно момче....

5. Изброј ги ѕвездите- Лоис Лаури- ...Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витезите што убиваат змејови во приказните што и ги раскажуваше на помалата сестра, Кристи...

6. Џорџ и големиот прскот- Луси и Стивен Хокинг- Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената?

7. Јавачот на божилак – Горјан Петревски

8. Супер вештерката, мачката и шесте волшебни колачиња- Билјана С. Црвенковска- едно  неверојатно девојче кое не сака да си го откие името.. една исто толку неверојатна мачка....

9. Ученикот на ренџерот – Пустошит на Горлан- Џон Фланаган

10. 110 улици- Малгожата Гутовска- Адамчик-Грајево е токму гратчето кое има 110 улици ...

11. Педи Кларк Ха Ха Ха- Роди Дојл- ..приказна раскажана од гледна точка на едно десетгодишно момче..

12. Големата церемонија- Маура Налини- во кралската академија започнува Церемонија за доделување волшебни миленичиња..

13. Чудесната светлина- Тери Прачет- дедека се движи кон, се чини, неизбежен судир со злокобната црвена ѕвезда...

14. Мачки детективи- Кој го украде знатниот мачор?- Александро Гати и Давиде Моносиното- тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка..интуиција!...

15. Принцезата Кети и сребреното пони- Вивијен Френч

16. Кони и љубовното писмо- Јулија Боеме

17. Оливер Месечковски и кошмарниот лилјак- Су Монгредин

18. Ловец на глуварќиња- Весна Алексиќ- Маша на се плаши од ништо- ниту од мрак, ниту од бура,,,

19. Пронајдок за Техна- Реџина Бици

20. Петнаесет турски приказни- Аднан Бинјазар- сказните се многу важен културен извор...

Ве очекуваме!

 

„Направи Selfie со твојата омилена книга “

PDFПечатиЕ-пошта

Почитувани читатели,

НУУБ „Св. Климент Охридски “– Битола, на огромно задоволство ги прогласи следниве кандидати како најкреативни и добитници на наградата едногодишна бесплатна членарина за фотографија на конкурсот

„Направи Selfie со твојата омилена книга “

1. Диана Лазаревска

2. Белинда Сипкоска

3. Билјана Андоновска

4. Гордана Угиновска

5. Билјана Лазаровска

Добитниците можат својата награда да ја добијат при зачленувањето или при продолжување на членството на шалтер за издавање на книги, секој работен ден од 7:00 до 20:00.

А на сите останати и на добитниците им благодариме на учеството и се надеваме дека и натаму ќе ги пратат сите наши активности и ќе земат активно учество во истите.

   

„Читањето треба да биде забава!“

PDFПечатиЕ-пошта

 

НУУБ „ Св.Климент Охридски“- Битола се со цел да им го доближи големиот фонт на книги од детскиот оддел до сите љубители на читањето, започнува со нов проект

„Читањето треба да биде забава!“

Во соработка со наставниците кои предаваат македонски, германски, англиски  и албански јазик од повеќе училишта од Битола, преку онлајн презентации учениците ќе имаат можност да се запознаат со книгите со кои располага нашата библиотека.

Наша цел е да ги мотивираме децата повеќе да читаат и да фантазираат. Дружењето со книгата ништо не може да го замени.

Координатор на проектот

библиотекар

м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковски

   
Сподели на Facebook

Љубовта е
најблагодарната
слабост на умот.
Драјден


Уште немам сретнато
човек од кого што не
би можело нешто да
се научи.
Де Вињи


Чувај се од лутината на
трпелив човек.
Драјден


Страстите не се лечат со
разумност, туку само со
други страсти.
Берн


Срцето секогаш го мами
разумот. Разумот не може
долго да ја игра улогата
на срцето. 
Ла Рошфуко


Среќата е како на пазар;
често, ако можеш само
малку да почекаш,
цената ќе и падне.
Бекон


Честа е надворешна
совест, а совеста
внатрешна чест.
Шопенхауер


Некој е сиромав заради
пороци, а некој заради
доблести.
Секулиќ


Тој што ја сака работата,
ја работи полека, а тој
што се плаши од неа ја
работи брзо.
Кокто


Да се биде природен,
тоа е најтешка поза
на којашто човек може
да се сложи.
Баро


Никој не е сосема
образуван додека не
научи да молчи.
Хорациј


Оној што се одмаздува
за една подлост, прави
друга.
Борел


Нема поголема несреќа
во љубовта отколку
смртта на фантазијата.
Мередит


Оној што знае да ласка
знае и да клевети.
Наполеон


Никој не може да знае
сè, а срамно е и штетно
да се преправаш дека го 
знаеш она што не го знаеш.
Толстој


Сиот наш живот се
одвива меѓу она што
сакаме и она што
мораме.
Чапек Ј.


Жената треба да го чува
телото како богатство,
ако сака мажот да се
почуствува како копач
на злато.
Форман


Бидејки си роден како
човечко суштетство, ако
не им имаш дадено на
работите никаква
духовна смисла, личиш
на човек којшто од
земјата на скапоцените
камења се вратил со
празни раце.
Тибетски запис


Дарежливоста се состои
помалку во давањето на
многу, отколку во давање
на малку во вистинско време.
Ле Бриер


Со тоа што добрината ја
шириме околу себе
истовремено ја
зацврстуваме и во
самите себе.
Гарборг


Со растежот на
богатството, обично,
доблестите опаѓаат.
Вебер


На почетокот гревот во
твојата душа е туѓинец,
потоа е гостин, а кога ќе
се привикнеш на него,
тој станува домаќин.
Толстој


Времето ги зацелува
раните, доколку ранетиот
упорно не ги разранува.
Санд