English French German Macedonian

Најчитани наслови

„Патот на свилата“ – Колин Фалконер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

1260 година. Жосран Саразини е човек со тажна душа, витез од редот Темплари кој го прогонува срамно минато и кој бара спасение во опасниот крстоносен поход, патувањето од Палестина до Занаду - престолнината на Монголското царство, за да пронајде сојузник против Сарацените на дворот на легендарниот Кублај-кан. Но, наместо тоа, тој наоѓа утеха во принцезата-воин, убавата и нескротлива Кутелун, припадник на варварското племе Татарки од монголските степи.

Читај повеќе: „Патот на свилата“ – Колин Фалконер

 

Одбројување - Фросина Пармаковска

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Токму во тој темен агол од собата каде што си постојав уште малку откако овие двете заминаа, ми се крена една огромна завеса, како простум да сонувам, и пред мене се појави цела сцена. На неа имаше полн декор, предмети испорасфрлани навидум безредно, кои беше тешко да се идентификуваат, наликуваа на темни партали во купишта оставени кај се нашле, а на средината на таквото необично окружување стоеше мојот маж замислен. Тој не ги гледаше парталите околу себе, но тие се кренаа, се движеа, веќе земаа и форми како сеништа кои кружеа околу него во поголем радиус, а тој сѐ уште не ги гледаше, не ги слушаше ниту кога се приближија сосем блиску до него, а испуштаа звуци на ветер и продолжуваа да кружат

околу него сѐ додека едно по едно, а ги имаше повеќе од стотина, не влегоа во него и така исчезнуваа, во него, сѐ до последното кога тој седна омалаксан на празната сцена и заспа сосе многуте посетители во себе или, којзнае, можеби тие не спиеја.

   

„Елиза на единаесет години“ - Дојна Рушти

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во едно село во близината на Букурешт, доаѓа до вистинска хистерија во моментот кога жителите дознаваат дека Елиза (девојче на 11-годишна возраст) има сифилис. Во текот на обелоденувањето на други случаи на сифилис, девојчето е обвинето дека го заразило, ни повеќе ни помалку, целото село. Постепено, медиумите, властите, родителите и обичните граѓани бараат Елиза да биде казнета, со што таа станува главен општествен непријател. Намуртена и самостојна, Елиза го покажува својот цврст карактер, однесувајќи се како зрел човек. Во Италија книгата ја споредуваат со Чума на Албер Ками.

 

„Без надежно“ - Колин Хувер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во времето на Вашата прва љубов.

   

„Жената во кафезот“ - Јуси Адлер Оасен

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Жената во кафезот“ од еден од најценетите скандинавски автори на трилер-романи, данскиот писател Јуси Адлер-Олсен. Романот се искачил на првото место на сите топ-листи уште веднаш по објавувањето и се задржал на врвот на бестселери цела година, а според него е снимен и филм. Преводот на македонски е на Лара Крстева-Ичокаева.
Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање...

Читај повеќе: „Жената во кафезот“ - Јуси Адлер Оасен

 

„Сеќавање на љубовта“ - Амината Форна

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Едријан Локхарт е психолог што бега од својот живот во Англија и доаѓа во Сиера Леоне, каде што почнува граѓанска војна. Тука мора да се бори со жештината, со нечистотијата, со правта, како и со тајните што ги крие оваа загадочна земја.
Сеќавање на љубовта е впечатлива книга за обичните луѓе во невообичаени околности, врвно реализирана и убаво напишана, стравотна и пријатна, непоколеблива и нежна, трогателна и инспиративна. Тоа е книга за четири животи што се преплетуваат; книга за пријателството, разбирањето, простувањето и за неизбришливите ефекти на минатото; за патувањата, соништата, загубата и за самата природа на љубовта. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

   

Страница 1 од 3

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер