English French German Macedonian

Настани

Изложби 29.01.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас ) 29.01.1860 г. Во Таганрог е роден Антон Павловиќ Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Најпознати дела му се драмите: “Галеб”, “Три сестри”, “Вујко Вања”, и “Вишновата градина”, како и збирките раскази “Човекот во футрола”, “Куќа на кат”, “Селани” и други. Умре во Баденвалер, во Германија на 15.07.1904 година.
 

Изложби 15.1.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа ) 15.1.1875 г. Во селото Селци, Дебарско, роден е Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, македонски драмски писател, театарски режисер, артист и основоположник на првиот македонски театар. Автор е на драмите “Македонсака крвава свадба”, “Од главата си патиме”, “Робот и агата”, како и на многу други драмски дела непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Потекнува од свештеничко семејство. Се школувал во егзархиското училиште “Свети Климент” во Охрид, во Солун, во Грац и во Берн. Умре во Софија, на 8.1.1951 година.
   

Промоции 13.03.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас ) ПОРТРЕТ НА ВЛАДИМИР КОСТОВ - Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола на 13.03.2009 година, (петок) во 13 и 30 часот во салата за промоции на Библиотеката организираше, ПОРТРЕТ на писателот од Битола г-дин Владимир Костов - човекот кој му даде белег на градот. Во салата за промоции на Библиотеката покрај големиот број на гости присуствуваа пратеничката во парламентот од Битола г-ѓа Анета Стефановска, претседавачот на Советот на општина Битола г-ѓа Лилјана Кузмановска и претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ г-дин Златко Милошевски . Осврт кон делото дадоа: Г-дин Петре Димовски - писател, г-дин Раде Силјан - претседател на ДПМ и г-дин Златко Жоглев - Ректор на Битолскиот универзитет “Св. Климент Охридски”. На крајот свое излагање имаше авторот кој изрази голема благодарност кон директорот на Библиотеката г-дин Науме Ѓоргиевски како организатор, потоа кон излагачите за неговото дело и на сите посетители кои беа присутни во голем број. Исто така во оваа пригода на авторот му беа врачени поклони од Библиотеката и од Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј”.
   

Страница 231 од 256

Сподели на Facebook