English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

„Литературното творештво за деца низ перото на роднокрајните автори од Ванчо Николески до денес“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во рамките на програмата Бит фест 2011, на ден 03.08. - 04.082011 година, организиравме изложба на тема „Литературното творештво за деца низ перото на роднокрајните автори од Ванчо Николески до денес“. Покрај творештвото на Ванчо Николески беа изложени дела и на други еминентни детски автори од Битола.
Покрај изложбата се одржа и тркалезна маса на тема „Литературното творештво за деца низ перото на роднокрајните автори од Ванчо Николески до денес“. Излагања имаа; Радован П.Цветковски, Ѓорѓи Прчков, Петре Димовски, Милица Димитриевска Радевска, Добре Тодоровски, Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ, Јован Боцевски, Билјана Герас, Илче Стојановски, Милка Котевска и  Олга Димитриевска.
Целта  на настаните е да се почитува ликот и делото на Ванчо Николески, популаризација на литературното детско творештво, да се пренесе порака до новите генерации со елан да творат, создаваат и да дадат свој придонес кон збогатување на македонската литература, особено кон детското творештво како и да се мотивираат и стимулираат авторите да пишуваат за деца.

 

СООПШТЕНИЕ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во склоп на едицијата „Значајни личности за Битола“, финансирана од Министерството за култура, оваа година ќе го издаде IV том „Значајни личности за Битола – образование и наука“. Во контекст на ова ги молиме сите заинтересирани научни работници да достават CV до НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Потребните критериуми за застапеност на авторите од образованието и науката се:
-    да се родени во Битола и Битолско,
-    да живееле, живеат и творат во овој град и
-    да имаат објавено најмалку 5 трудови (монографски публикации) од соодветните научни области.

CV- то и објавените трудови да се достават во рок од 15 дена од објавувањето на соопштението во медиумите до НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со назнака за застапеност во книгата  „Значајни личности за Битола – образование и наука“.

   

Остварена меѓународна соработка помеѓу Градската библиотека од Задар и НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

На 21.07.2011 година, претставници од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во состав: Анета Стефановска, Илче Стојановски и Зоран Јанакиевски престојуваа во Градската библиотека во Задар, Р. Храватска, како дел од проектите за меѓународна соработка одобрени од Министерството за култура на Р. Македонија за 2011 година. Во програмскиот дел од посетата во Градската библиотека во Задар, покрај разговорите за соработка со директорот Иван Пехар и неговите соработници беше разгледана Библиотеката, а во продолжение преку мултимедијална програма, во мултимедијалната сала на Градската библиотека во Задар пред присутните беше претставена Р.Македонија, градот Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во вториот дел од програмата беше потпишан Договор за заедничка соработка меѓу Библиотеките од Битола и Задар, а воедно беше отворена изложба на 30-тина наслови, книги – изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, при што истите им беа подарени на домаќините – Градска библиотека – Задар и истите ќе станат дел од нивниот книжен фонд. Во третиот дел од Програмата пред присутните беа претставени две книги – изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, и тоа „Библиотеките во Битола“ и „Библиотеките во црквите и манастирите во Преспанско – пелагонискиот регион“. Во текот на посетата исто така се оствари средба и со Мирјана Мајиќ - претставник на Македонското национално малцинство за Задарска жупанија, како и други присутни членови кои ја следеа програмата и кои допринесуваат за соработката помеѓу хрватскиот и македонскиот народ. Во врска со потпишаниот Договор за соработка се огласи и Задарската жупанија со пригодна порака во која ја поздрави соработката помеѓу двете земји и библиотеки, воедно напоменувајќи дека Македонците се добар и топол народ со кој секогаш е задоволство да се соработува.

   

Страница 183 од 232

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер