English French German Macedonian

Нови наслови

Жената од кабината бр.10

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во оваа импресивна, фасцинантна приказна која потсетува на делата на Агата Кристи, Ло Блеклок, новинарка која пишува за списание специјализирано за патувања, ја добива задачата на својот живот: една недела на луксузно крстосување на брод со само неколку кабини. Небото е чисто, водата мирна, а префинетите, избрани гости се пријатни како и ексклузивниот брод Аурора, кој го започнува своето патување во живописното Северно Море. Во почетокот, престојот на Ло е сосема пријатен: кабините се луксузни, вечерните забави се блескави, а гостите елегантни. Но, како што изминува неделата, студените ветрови безмилосно удираат на палубата, небото станува сиво, а Ло сведочи на она што таа може да го опише само како мрачен и застрашувачки кошмар: една жена е фрлена во морето. Проблем? Сите патници стануваат осомничени и се земени предвид – и така, бродот плови како ништо да не се случило, и покрај очајните обиди на Ло да пренесе дека нешто (или некој) тргнало во ужасно, ужасно погрешна насока...

Со изненадувачки заплети, вратоломни пресврти и со опкружување кое се покажува како непријатно клаустрофобично, како што е зловесно убаво, Рут Веар нуди уште едно напнато и интензивно четиво во „Жената во кабината бр.10“, кое дури и најсигурниот читател ќе го остави во непријатно неспокојство долго откако ќе ја прочита последната страница.

 

Совршената мајка

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Заразен психолошки трилер за група жени кои заедно се дружат во нивната група на мајки и неочекувано се поврзуваат кога доаѓа до трагедија. Се нарекуваат Мајските Мајки, бидејќи сите се имаат породено во истиот месец и се сретнуваат во паркот со количките, барајќи прибежиште од стресовите што доаѓаат со мајчинството; ги делат стравовите, радостите и советите што ги имаат како тазе мајки.

Една вечер по договор излегуваат без бебињата за да се опуштат малку, но токму таа вечер, нешто тргнува во ужасно лош правец: едно од бебињата го снемува од неговото креветче дома. Вини е самохрана мајка, која секако не сака да го остави бебето со дадилка, но другите жени инсистираат дека сè ќе биде добро и таа неволно попушта. Сега нејзиното бебе го нема, џандарите поставуваат вознемирувачки прашања и животот на затворената Вини се наоѓа под рефлектори. Кој е таткото на бебето? Каде всушност била мајката вечерта? Иако никој од групата мајки не е близок со резервираната Вини, три од нив преземаат големи ризици за да ѝ помогнат да си го најде синот. И кога новинарите почнуваат да им вадат душа на сите жени од групата, почнуваат да се разоткриваат штетни тајни, а браковите и пријателствата се ставени на голем тест.

   

Кралство од соништата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Тој е моќен, арогантен и страшен. тој е нејзиниот најголем непријател…

Ројс Вестморленд, познат како Црниот Волк, е најмоќниот англиски воин и најомразениот непријател на Шкотска. Легенда на бојните полиња, легенда помеѓу жените во кралските палати, легенда од која трепери цела Шкотска.

Таа е горда, безобразна и непокорна. Таа не се предава…

Џенифер Мерик е храбра, тврдоглава Шкотланѓанка која живее за своето семејство, својот клан и својата земја. Кога одеднаш ја грабнуваат и завршува како заробеничка на озлогласениот Волк, нема намера да плаче и моли како беспомошна жена. А особено нема намера да го моли НЕГО, ужасниот мрачен маж кој сее смрт во нејзината земја откако знае за себе. Не, таа има намера да се бори – затоа што тоа е во крвта на кланот Мерик.

Двајцата се заплеткуваат во опасната мрежа на лојалноста и страста…

Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго.

 

Еленор Олифант е океј

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си има проблем со социјалните вештини и има обичај да го кажува баш тоа што го мисли. Таа се убедува себеси дека ништо не недостига во нејзиното внимателно испланирано време каде што викендите се посветени на замрзната пица, вотка и телефонски разговори со Мама. Сево ова значи дека Еленор е станата роб на навиките, а и малку осамена.

Но сè се менува кога Еленор го запознава Рејмонд, пелтечавиот и несреден тип од ИТ во фирмата каде што таа работи. Кога таа и Рејмонд заедно го спасуваат Семи, еден постар човек кој доживува незгода на улица, тројцата стануваа еден вид на пријатели кои меѓусебно се спасуваат од изолацијата во која живеат.

Низ низа горко слатки и траги комични моменти, големото срце на Рејмонд ќе ѝ помогне на Еленор да најде начин да го поправи нејзиното крајно оштетено срце. А ако таа конечно успее да се соочи со тајните што ги крие, можеби ќе успее да најде и пријателство, па можеби дури и љубов.

   

Секој има своја приказна

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ова е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…

Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Дел од приказните се посложени и потешки, приказни во кои ќе најде поука и најголемиот мислител, а дел се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, но сепак длабоки и силни, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.

Во тешкото и искушувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот и дека она што го даваме – тоа и ни се враќа.

Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…

 

Светлината што ја изгубивме

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Тој е првата личност што ја инспирира, што ја трогнува, што вистински ја разбира. Дали е судено да биде и последната?

Луси мора да донесе одлука што ќе ѝ го смени животот – но за да може да ја донесе таа одлука, прво мора да ја раскаже нејзината приказна – нивната приказна – од самиот почеток.

Луси и Гејб се запознаваат на факултет, на ден што засекогаш им ги менува животите на двајцата. Заедно решаваат дека сакаат нивните животи да значат нешто, да постигнат нешто важно. Кога повторно се сретнуваат година дена подоцна, личи на судбина – можеби ќе го најдат своето животно значење еден во друг… Но тогаш, Гејб станува фоторепортер кој добива задача на Блискиот Исток, а Луси гради кариера во Њујорк. Она што следи е тринаесетгодишно патување на соништа, желби, копнежи, љубомори, предавства и, пред сè, љубов. Дали судбината ги има споено? Дали по свој избор се имаат одвоено? Нивните патувања ги носат Луси и Гејб на различни континенти, но никогаш не можат да ја извадат неа од неговото срце и него од нејзиното.

   

Страница 1 од 22

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер