English French German Macedonian

Одржана промоцијата на Зборникот на стручни трудови „Училишните библиотеки во Битола и Битолско“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 25.03.2021 во НУУБ „ Св. Климент Охридски“ - Битола, се одржа промоцијата на Зборникот на стручни трудови „Училишните библиотеки во Битола и Битолско“. Промоцијата беше кратка и со строго почитување на протоколите за КОВИД 19.
На почетокот на средбата се обрати директорот на библиотеката м-р Бојан Стефановски со пригоден говор а потоа кратки обраќања имаа и раководителите на проектот Ленче Андоновска и Гордана Пешевска - библиотекари советници. На крајот беа поделени примероци од зборникот на сите учесници на промоцијата.
Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

Сподели на Facebook