English French German Macedonian

„Мојот мајчин јазик“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Со поддршка од УНЕСКО, на 21 февруари секоја година се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со цел да се прослават повеќе од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес.
Библиотеката ги повикува  сите заинтересирани лица заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
На сите јазици може да читате  песни  или кратки раскази. (Ве молиме да можете да обезбедиме и превод на македонски јазик)
Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од настанот на 21 февруари 2020 година, да испратат e-mail на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   со назнака -   Меѓународен ден на мајчиниот јазик, најдоцна до 19 февруари.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот. За да постигнеме одржлив развој, потребно е младите ученици да имаат можност да учат и да го негуваат својот мајчин јазик, но да учат и други јазици. Токму преку совладувањето на јазикот кој се говори дома, односно мајчиниот јазик, децата учат да читаат и пишуваат, а потоа ги надградуваат и сите останати знаења.
Јазиците кои се зборуваат во една земја, а особено јазиците на малцинствата, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер