English French German Macedonian

Тематска изложба за библиотекарство – Презентација и популаризација на културното наследство

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Нашата држава располага со исклучително богат споменичен фонд од различен вид и период на настанување, со различни културни влијанија и стилови, со врвни културни, историски и уметнички вредности. Со тоа се потврдува дека овде со векови се создавале културните вредности, односно се зачувала традицијата за љубов кон книгата, нејзиното користење и дисеминација на знаењата. Библиотеките во таа смисла ја одиграле улогата на центри  од каде што се црпеле творечките достигнувања кај нас, околу нас и во светот со што многу се придонесе во развојот на библиотекарството.

Имено самиот еволутивен развој на оваа дејност ги покажува насоките кон приклучокот во светот што оди напред и тоа ДА СЕ ЗАЧУВА СЕ ОНА ШТО Е ТРАЈНО И ВРЕДНО, ИСТОТО ДА СЕ ПРЕЗЕНТИРА И ПОПУЛАРИЗИРА, И НА ИСТОТО ДА МУ СЕ ПРОДОЛЖИ ВЕКОТ СО ЕФЕКТИВНА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ОСОБЕНО НА НАСЛЕДСТВОТО НА КОЕ МУ СЕ ЗАКАНУВА ОПАСНОСТ ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕ.
Раководител на проект: Ленче Андоновска, библиотекар советник, вработена во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Изложбата ќе се отвори на ден 22 мај 2019 година во 11 часот, во нова сала во Библиотеката.
За изложбата поздравна реч ќе има директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски, потоа ќе следи професионално излагање  и осврт кон изложбата од страна на професорката г-ѓа Милица Радевска проследено со поезија. Во организација на професорката г-ѓа Весна Мундишевска ќе се презентира Изложба на изданија подготвени од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ - Битола и демонстрација на реставрација на книги од страна на ученици од графичката струка. Проектот „Тематска изложба за библиотекарство – Презентација и популаризација на културното наследство“ е одобрен од Министерството за култура за 2019 година.




 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер