English French German Macedonian

НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола дел од првиот Форум на библиотечна Унија на Кина

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Министерство за култура на Република Македонија во делот на зајакнување на културните врски со НР Кина во областа на библиотечното работење ја прифати иницијативата  на Јавната библиотека на Хангџоу за формирање на Унија на библиотеки меѓу НР Кина и сите земји на Централна и Југоисточна Европа.
По потпишувањето на договорите за соработка на ниво на министрите за култура од 19 до 22 октомври 2018 година во градот Ханџоу  се одржа Првиот Форум на библиотечна Унија на Кина и земјите од ЦИЕ.

На форумот (1st China-CEEC Curators’ Forum of Librarian Union), кој е дел од програмата 16+1.  присуствуваше делегација од четири библиотеки во Македонија: ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје, НУБ “Св. Климент Охридски”, Скопје, НУУБ “Св. Климент Охридски” Битола и НУУ Библиотека “Гоце Делчев” - Штип.
На одржаниот форум беше основана Првата библиотечна унија во која ќе членуваат библиотеки од 16 земји од „СЕЕС“ и 23 библиотеки од Р. Кина, како и потпишана Декларација и Акционен план за меѓусебно разбирање и заедничка соработка на библиотеките од Унијата. Форумот се одржуваше во Градската библиотека на Ханџоу која беше задолжена за целата организација на настанот. Почесни гости на настанот беа Претседателката на ИФЛА, г-ѓа Глорија Перез Салмерон и Лиу Хаоџин, претседателка на Библиотечната организација на Кина.
Секоја земја имаше претставување на работата и дејноста на библиотеките, беше потпишан Договор за меѓусебна соработка на ниво на професионално и стручно усовршување на вработени, техничка и информациска подршка, размена на библиографски податоци, како и културна промоција на земјите. Беа одржани четири панел дискусии на кои се дискутираше за актуелни теми од областа на библиотекарството и иднината на библиотеките, библиотечните трендови и нови иновативни сервиси.
Како претставник од НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола м-р Јелена Петровска, библиотекар советник учествуваше во сесија за мисијата и донесување на акционен план на Унијата со предлози за вклучување на Македонија во планираните активности. На тркалезната маса на тема „Цели за одржлив развој Агенда 2030“ имаше излагање за местото и улогата на библиотеките во промовирањето на општество на знаење и примена на целите во секојдневната библиотечна работа.
Овој Форум ќе претставува биенална манифестација која на секои две години ќе се одржува во различна земја членка и ќе се спроведува во координација на сите библиотеки кои беа дел од настанот. На следниот линк следат повеќе фотографии
https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156944070858679

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер