English French German Macedonian

Левијатан

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Борис Акунин е еден од најпознатите руски автори на криминалистички романи. Во неговите дела Западната критика ги препознава Гогољ, Толстој и Конан Дојл. Неговите книги само во Русија, се продадени во над 10 милиони примероци, што навистина зборува многу за неговата популарност.

Иако сè се случува на бродот „Левијатан“, огромен луксузен брод од прва класа, кој плови од Париз до Калкута, сепак дејството е веќе започнато кога пред две недели, кога во Париз е убиен страствен колекционер на индиски артефакти.

Покрај него, се убиени целото негово семејство и целата послуга. Дури десет мртви тела лежеа на подот на луксузната вила на улицата „Де Гренел“ во Париз, меѓу кои и сопственикот, г-динот Литлби. Се укажува на тоа дека сите се отруени со морфиум, а само г-динот Литлби е убиен со тап предмет. Дали злосторникот не препуштил ништо на случајот? Или сепак бил изненаден кога забележал дека и домаќинот е дома?

Јавноста овој масакр го квалификува како „Злосторот на векот“. Исто така е провалено во витрината, каде што г-динот Литлби ги чувал своите вредни артефакти. Украдена е статуа на еден индиски врховен бог, со која се смета дека е убиен и домаќинот и една марама. Сега две недели подоцна сите осомничени се наоѓаат меѓу илјадниците патници на бродот „Левијатан“. Француската полиција го испраќа својот најдобар детектив за да ја разреши мистеријата. Тоа е инспекторот Густав Гош, но во истрагата се замешува и еден руски детектив по име Ераст Фандорин, случаен патник на бродот.

Од ден на ден напнатоста расте, а кулминира кога многумина од осомничените раскажуваат наоколу дека веќе знаат кој е убиецот. Потоа злото надвиснува на бродот и еден од патниците, а и можните осомничени, професорот Свитчајлд е убиен со хирушки скалпел. Потоа се случуваат уште многу други неибични настани, кои сомнението го фрлаат врз друго лице. Откако г-динот Фандорин ја докажува неговата невиност, повторно на сцена стапува украдената марама од вилата во Париз. Таа е една од клучните пазли во сложувалката за разрешување на сите злосторства. Што е тоа магично што во себе го има таа марама? Дали таа му припаѓа на убиецот?

Потоа се случува уште една несреќа. Еден од осомничените се обидува да предизвика пожар, го заземува бродот и го упатува кон карпа. Дали тој е убиецот или сепак тоа е уште една лажна трага, која ја наместил вистинскиот монструм? Потоа се случува и она најнеочекуваното- инспекторот Гош е убиен со четири куршуми. Сега се останува на г-динот Фандорин. Само тој може да ја реши огромната мистерија, исплеткана со јазоли на секој втор чекор. Дали многумина од осомничените не се она што се претставуваат? Дали ќе има следна жртва и како ќе се избегне можноста целиот брод да потоне, а со себе да ги потопи и сите докази?

На што сè е подготвен убиецот за да не биде откриен?- дознајте откако ќе го прочитате овој фасцинантен роман. Можеби ви кажав и премногу, но крајот не можете ни да го замислите, а ни сè она друго што ќе се случи пред да се расплете мистеријата. Едно е сигурно- книгата нема да ја оставите додека не ја прочитате.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер