English French German Macedonian

„ИНСТАЛАЦИЈА НА МИНИ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Следејќи го трендот на современи библиотеки ни претствува посебна чест и задоволство што во рамките на БИТФЕСТ 2018 година продолжуваме со имплементација на проектот „ИНСТАЛАЦИЈА НА МИНИ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА“ Со проектот даваме придонес кон развојот на културата и субкултурата на читање книги која како уникатна човекова активност се повеќе се натпреварува со електронските форми на пренос на информации во скратена форма. Уште ценетиот Аристотел рекол: Кој не чита книги не може да има и да развива сопствено мислење и ставови“. Поставувањето на мини библиотеки има за цел да го поттикни интересот за читање, размена на книги и социјализација на љубителите на книги како дел од субкултурата на живеење во нашиот град. НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола постави мини библиотеки на две локации и тоа во градинките „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски цвет“ – Битола, со цел да ги поттикнеме децата од најмала возраст да читаат книги, да дојдат во допир со книгата и да ги мотивираме да станат членови на библиотеката од најмала возраст. Љубителите на книги ќе можат да позајмат, книга да ја прочитаат и да ја вратат, но во исто време и да подарат книга на некој друг љубител. Голема благодарност до Градоначалниичката на општина Битола м-р Наташа Петровска за поддршката на иновативните проекти и развој на културата во општина Битола преку најголемото и најдолгото најквалитетно културно лето БИТФЕСТ 2018. Следат повеќе фотографии на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156705786493679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер