English French German Macedonian

Обука за проектна апликација и добивање на грантови од ЕУ донаторски програми

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 13.02.2018 г., во просториiте на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, се одржа бесплатна двочасовна сесија за сите заинтересирани поединци и претставници на јавни институции, невладини организации и приватни компании поврзана со отворените грант повици со поддршка од EU.

Притоа, посебен фокус беше даден и на отворените повици на Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, Horizon2020, кои имаат крајни рокови до Април 2018.

После оваа бесплатна сесија, обуките продолжуваат во просториите на Мегасофт Плус (Климент Охридски лам. 4/2 Битола во згрaдата на Пелагонка 2 , на втор спрат) со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато искуство од над дваест години на работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.

Понудата вклучува дводневна обука за планирање предлог проекти и последователни 4 часа за менторство (кои може да се распределат на 2-3 средби од по 1-2 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) за различен вид на донаторски програми. Листа со ЕУ фондовите и програмите за кои може да се аплицира има на следниот линк:

https://www.facebook.com/events/1374174922686876/

Во рамките на оваа сесија учевствуваа и дел од вработените при НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, со што ги подобрија своите вештини и компетенции во однос на фокисурањето на самата установа - како дел од Министерството за култура, кон учество и реализација на проекти за достапност до програми и фондови на Европската Унија.

 

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер