English French German Macedonian

ВОЛОНТЕРСТВОТО КАКО ПРЕДИЗВИК И ПОЗИТИВЕН ИМПУЛС ВО БИБЛИОТЕЧНОТО РАБОТЕЊЕ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на своите заложби библиотеката активно да се вклучи во креирање на културните и образовните политики во градот,  во идниот период широко ќе ги отвори вратите за волонтирање на лица вљубеници во книгата и креирање на иновативните библиотечни програми.
НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола потпиша меморандум за разбирање со Мировен Корпус со канцеларија во Скопје. Програмата со волонтери е дел од Договорот на Владата на Р. Македонија и  Мировен корпус, кој  се темели врз програмите за развој на заедницата.
Мировен корпус е агенција за волонтерска служба на Владата на САД основана од страна на Претседателот Џон Ф. Кенеди во 1961 година.

Во моментов над 7700 американски волонтери на Мировен корпус служат во повеќе од 73 земји.
Мировен корпус Макеоднија работи со волонтери од следниве сектори: развој на заедниците и програма за унапредување на наставата по англиски јазик.
Внимателно избрани по своите едукативни компетенции и вештини волонтерите на Мировен корпус активно се вклучуваат во партнерските институции во земјата каде престојуваат и со ангажман помагаат за реализација на проекти, организација на настани, соработка со сродни институции за подобрување на животот во заедницата.
Секој волонтер доброволно се согласува  да посвети две години од животот работејќи  далеку од својот дом и семејството се со цел да го сподели своето знаење и вештини. Обврзувајќи се да работат и живеат во Македонија, волонтерите на Мировен корпус се подготвени да се приспособат на нови и разновидни култури и животни услови, учејќи го јазикот и обичаите на земјата домаќин.
По барање на Библиотеката како волонтер и член на тимот на библиотекарите, од декември 2017 година престојува Дејвид Скривенер  (David Scrivener).
Оваа година за прв пат  е реализирана активност за интериерното уредување на Библиотеката со ученици, нивните професори и родители  како и повеќе новогодишни работилници , читања и работа со деца од сите возрасти во рамките на активноста на битолската Библиотека за промена на пристапот кон корисниците.
За волонтерите од Мировен корпус Давид и Барби  тоа воедно беше и прв заеднички проект по нивното доаѓање во Македонија.

Здраво сите! Јас сум Дејвид! Јас сум волонтер на мировен корпус и возбуден сум да работам во библиотеката и во Битола две години! Пред да живеам во Македонија, јас живеев во Њу Орлеанс, каде работев како менaџер за волонтери. Таму, јас планинав проекти за волонтерски групи. Сепак, јас сум од Флорида, од Орландо (но не ја сакам плажата). Во Флорида, јас студирав историја и социологија на факултет. Во моето слободно време, јас сакам да трчам, да вежбам јога, и да читам книги (во Флорида имам 400 книги).


Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер