Најавување

English French German Macedonian

Претставено мултимедијалното ЦД „Кога тато ќе порасне“ - Дан Оријан на децата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Една од најважните функции на Библиотеката е популаризацијата на книгата и читањето, развивање на свеста и навиките за читање. Од друга страна важно и потребно е родителите да им читаат на децата уште од најрана возраст, при што покрај поминувањето на пријатни моменти во друштво со книгата, се стекнува и навика за читање и љубов кон книгата.

Октомври е месец на книгата, кога се трудиме да го поттикнеме читањето, и не само тоа, туку преку проектот „Сликовница за секое дете“ и „Месец на книгата“ – Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридеки“ - Битола, ќе го промовира читањето и моќта на книгата меѓу најмладите. Проектот е само еден од многуте проекти што го поттикнуваат и стимулираат читањето.

Неодамнешната промоција на книгата за деца „Кога тато ќе порасне“ од авторот Дан Оријан – амбасадор на Израел во Република Македонија, која беше презентирана во нашата Установа и како мултимедијално ЦД, предизвика голем интерес и внимание кај најмладите читатели. Сето тоа ни даде инспирација дека книгата и нејзините вредности и достоинства треба да најдат место и да се пренесуваат и надвор од ѕидовите на библиотеката. Имено,тие вибрации и трепети Библиотеката ги ослушнува како потреби на заедницата.

Во таа смисла, Библиотеката во соработка со “Естраја Овадија Мара“ - Битола - објект „Снегулка“, на 5 октомври 2017 им го претстави мултимедијалното ЦД како и истоимената книга „Кога тато ќе порасне“ од Дан Оријан.

Ова е моментот кога треба да побараме само да ја раскажат приказната. На овој начин децата ќе ја вежбаат својата меморија што доаѓа прво, што второ, а што трето. Децата ќе уживаат во раскажувањето на приказната од книгата која нема текст, туку многу слики. Тоа ќе им помогне да ги користат своите јазични вештини и креативноста.

Периодот на возраст од 6 до 10 години е многу важен за формирањео на односот на човекот кон книгата. Најпрво треба да се створи навика, дисциплина и култура кон читањето. Континуирано да се посвети време за читање дома, за што поддршката од родителите е многу есенцијална. Секако во овој процес важна улога покрај родителите имаат и наставниците во текот на воспитно – образовниот процес. Како што ќе им читате на вашите деца, со тек на време ќе имаат омилени приказни и ќе бараат повторно да им ги прочитате.

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер