Најавување

English French German Macedonian

Недела на забранети книги

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книгите постојат сè додека некој чита или додека некој пишува. Забранетите книги се оние кои одредена категорија на луѓе ги смета за такви и кои сакаат истите да се тргнат од библиотекарските полици, книжарите и училиштата или да се уништат. Цензурата е секогаш политички, религиозно или етички обоена, а со самата забрана се излегува од рамката на спонтан развој на мислата на едно општество. Според тоа, основната цел на оваа акција е ширење на свеста за слободата на читање и слободниот пристап до информациите.Покрај забраната на книги заради религиозни причини или морални ставови често се објавувала и цензура под идеолошки притисок, кој најчесто го спроведувала државата. Во некои земји, властите дури и во денешно време наметнуваат што е морално да се чита врз основа на лични убедувања на поединци - на пр. во Иран (јануари, 2011) забранети се книгите на Паоло Коелјо, а во Русија имаше неуспешна иницијатива да се забранат Набоков и Маркез односно нивните дела: „Лолита“ и „Сто години самотија“, кои се наведуваат како дела што поттикнуваат „перверзни страсти и ги прават поединците несреќни“. Сепак, да им се овозможи на луѓето да читаат што сакаат и да им се даде слобода сами да доаѓаат до заклучoци и да развијат сопствени ставови и критичко мислење за нештата е еден од предусловите на секое одговорно општество. Неделата на забранети книги се одбележува ширум светот, уште од 1982 година. Оваа недела беше одбележана и во битолската библиотека, а со цел читателите да се запознаат се повеќе со насловите кои се забранети, изложбата на забранети книги ќе биде продолжена до 7 октомври.

 


Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер