Најавување

English French German Macedonian

Промовирана книгата „Мојот професор пророк“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

на 16.07.2017 година  во просториите на битолската библиотека  се одржа промоција на книгата „Мојот професор, пророк“ од македонската книжевна историчарка и теоретичарка Вера Стојчевска-Антиќ.
Книгата му е посветена на Блаже Конески, каде што авторката го опишува својот однос со него, како и нејзин коментар за некои од песните на Блаже Конески. На настанот поздравно обраќање имаше д-р Лили Бошевска – директорка на НУУБ„Св.Климент Охридски“ – Битола, следуваше изведба на песни од Блаже Конески од ученикот Божидар Николовски. Промотор на книгата „Мојот професор пророк“ беше проф.д-р Александар Стерјовски.
– Конески беше мој професор, а потоа станавме колеги. Во книгата има и наши разговори, како и мое видување на некои од неговите дела. Тој е од преголема важност, но неговото дело не е доволно признаено. Затоа и книгата ја завршувам нарекувајќи го Џинот од Небрегово – вели професорката Стојчевска-Антиќ.
Вера Стојчевска-Антиќ научниот век го помина на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од местото асистентка сè до пензионирањето. Таа беше првата директорка на Институтот за македонска литература во основање. Избрана е за почесна членка на Друштвото на писателите на Македонија и е прва членка од Македонија во Американската славистичка асоцијација.

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер