English French German Macedonian

12-та роднокрајна средба на битолските писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

12-тата Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија како и секоја година на 26 мај 2017 год., во Роднокрајната читална на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола се одржа Тркалезна маса на тема: Инспиративни моменти од мојата автобиографија.
Дваесетина роднокрајни писатели од Битола, Струга и Скопје меѓу кои Панде Манојлов, Владимир Костов (во отсуство), Никола Кочовски, Ѓорѓи Прчков, Радован П. Цветковски, Добре Тодоровски, Ванде Ганчевски, Весна Мундишевска Вељановска, Сања Мучкајева Видановска, Елизабета Јончиќ, Биљана Т. Димко, Вера Стојчевска Антиќ, Гордана Михаилова Бошнакоска, Христо Петрески (во отсуство), Ванчо Полазаревски, Петко Шипинкаровски и други ги прочитаа своите најинтересни моменти од својот живот кои влијаеле врз нивното творештво.
Раководител на проектот и модератор на средбата беше д-р Николче Вељановски. на почетокот присутните беа поздравени од директорката д-р Лили Бошевска.
Со едноминутно молчење му беше одадена почест на неодамна починатиот Богоја Таневски кој како роднокраен писател беше редовно присутен на Средбите.
Од ова традиционално дружење на битолските писатели, на есен, ќе произлезе и дванаесеттиот (12) по ред Зборник на излагања.
Како и секогаш Средбата е спонзорирана од Министерството за култура на РМ.

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер